Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж и жена од Велес се заразени со британскиот сој на коронавирус

Маж и жена од Велес се заразени со британскиот сој на коронавирус

Два случаи на британскиот сој на коронавирусот има во Велес. 

Се работи за маж и жена, и двајцата од Велес, кои се хоспитализирани на Инфективното одделение при велешката Општа Болница, информира за МИА, Весна Николовска Неделкова, директор на  ЈЗУ Центар за јавно здравје.

„Станува збор за жена на 65-годишна возраст и за маж на 68-годишна возраст, и двајцата од Велес. Жената е хоспитализирана пред три дена, а мажот чпред четири дена на Инфективно одделение при велешката Општа болница“, потврди Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19. 

Слично

Поврзани вести