Маж и жена нападнале сосетка во Гевгелија за да и го земат златото
Жен по претходен договор со својот сопруг нападнала соседка во понеделникот во Гевгелија за да и го земе златото што го носела. ОЈО Гевгелија поведе истражна постапка против двајцата сопружници за извршено разбојништво.
„Мажот направил план заедно со сопругата на сила да одземат златни предмети од нивна 72-годишна сосетка, која често ја посетувале и знаеле за накитот што таа го носи на себе.
На 31 октомври осомничената жена ја повикала жртвата да дојде кај нив на вечера. Во вечерните часови, кога оштетената се јавила дека доаѓа и тргнала, осомничениот на својата сопруга и дал капа и марама за да се маскира, како и дрвена палка.
Таа се маскирала, ја пресретнала оштетената во близина на нивниот дом, ја фатила за вратот и ја соборила на земја, па и го одзела златното ланче од вратот вредно 60.000 денари, по што побегнала.
Украдениот накит заедно со сопругот го закопале во дворот од нивната куќа, а облеката ја сокриле во куќа во изградба, каде подоцна била пронајдена“, ги пренесува деталите ОЈО Гевгелија.
Основниот суд Гевгелија определи мерка притвор за осомничениот, како и мерка куќен притвор за осомничената.
