Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маврово се подготвува за зимска магија: Започна финалното средување на ски-лифтовите

Маврово се подготвува за зимска магија: Започна финалното средување на ски-лифтовите

Во Маврово веќе се чувствува зимскиот дух. Екипите на „Resort Mavrovo“ интензивно работат на подготовките за новата зимска сезона, а нивните најнови фотографии на социјалните мрежи покажуваат дека се во тек технички зафати на скијачките инсталации и лифтовите. 

Со поставување на нови сајли и техничко одржување на жичарниците, менаџментот на ски-центарот најавува дека целта е да се обезбедат беспрекорни услови и безбедна сезона за љубителите на снегот и зимските спортови. 

„Пред нас е почеток на една одлична сезона исполнета со магија на снежните патеки“, порачаа од „Resort Mavrovo“ преку официјалниот Инстаграм-профил. 

 Секоја година Маврово е еден од најпосетените зимски центри во земјава, а фотографиите од терен најавуваат дека и оваа зима посетителите ќе можат да уживаат во добро подготвени патеки, уредена инфраструктура и нови авантури на снегот. 

„Нови сајли, нови цели“ – порачуваат од ски-ресортот, чиј тим веќе работи со полна пареа за сè да биде подготвено пред првите снегови.

Слично

Поврзани вести