Маврово остана без струја поради снегот
Мавровскиот регион и неколку други населени места денес останаа без електрична енергија. Од ЕВН за Алсат велат дека далноводот е оштетен поради силни ветрови и снег. Екипите се на терен и работат на поправки.
Според надлежните, интервенцијата се одвива на несоодветен планински терен поради лошите временски услови.
Октомврискиот снег предизвика големи проблеми во делови од Западна Македонија, главно во правец на превојот Стража и на патната траса Маврово-Дебар.
Слично
