МАТУРАНТИ СО C2 НИВО ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ИМААТ ПОРАЗИТЕЛНИ РЕЗУЛТАТИ НА ТЕСТОТ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА: Сега плаќаат 2.500 денари за приговори
Тукушто излегоа
прелимираните рзултати од екстерните тестирања од испитот по Државна матура, а
јавноста веќе е разбранувана со информации за исклучително слаби резултати од
тестот по англиски јазик. Посебно се револтирани оние матурантите, кои, како
што сведочат за Фактор, јазикот го владеат на најпредно ниво C2, за што и поседуваат светски признати
сертификати.
-Факт е дека токму за тестот по англиски јазик беше откриена таа Вибер група во која беа споделувани прашањата, но конкретно јас ниту бев во таа група, ниту препишував. Знаењето по англиски јазик е лично мое. Мора да признаам дека повеќе имам мака со македонскиот јазик, отколку со англискиот, а на овој тест освои едвај 40 перцентили. Веднаш поднесов приговор за што моите родители платија 2.500 денари. Но, со оглед на фактот што сум повеќе од сигурен дека одговорите во тестот ми се точни, верувам дека ќе има корекција и дека парите ќе ни бидат вратени, сведочи за Фактор матурант од Скопје.
Истовремено, иу матурантка од Тетово нагласува дека е крајно незадолна од освоениот перцентил на тестот по англиски јазик, бидејќи не очекувала ништо помалку од 5.
-Се изненадив и не можам да верувам. Резултатот кој вчера го видов кога се логирав е далеку под моите очекувања. Имам нешто помалку од 80 перцентили, а тоа е 4. Немав потреба ниту да препишувам, ниту да бидам во Вибер групата, едноставно јазикот го владеам на највисоко ниво. Не поднесувам приговор, бидејќи моите родители едноставно не може да ја издвотат таа сума во моментов. Ниту еднот, ниту другиот немаат уште земено плата, иако е наведено дека парите ги враќаат ако се направи корекција макар и за еден бод.
Во редакцијата на Фактор се јавија и ученици кои според прелиминарните резултати освоиле неверојатни 0 перцентили. За да дадеме точен одговор како е тоа возможно, се обидовме да добиеме изјава од директорката на Државниот испитен центар, Благица Павловска, но таа не се одзва на нашите телефонски повици. Она што го дознава Фактор е следново:
Вака оценетите тестови се практично на оние ученици кои се фатени дека препишувале.
-Оваа година има повеќе од 3.000 тестови на кои е наведено: ПРЕПИС. За тоа оценувачите имаат цврсти докази, инаку, не би биле така оценети. Освен тоа, можеби некој е дисквалификуван бидејќи пишувал со молив, со пенкало во друга боја, а не сина како што е наведено, или пак наместо ракописно, тестот го работел со печатни букви. И порано имало вакви случаи, брифираат изворите на Фактор.
Што се однесува, пак до цената за приговорите, таа е покачена од 1.500 на 2.500 денари, за што вчера реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обраќајќи се доректно до министерот Јетон Шаќири.
-Со оглед на тоа дека матуранти се жалат и за грешки во пресметување на перцентилите и имаат право на увид на резултатите, би било човечки да помислите на висината на надоместокот. Два предмети по 2500 денари се 5000 денари, повеќе од една четвртина од минималната плата. Разумно ли е ова? Министре, наместо да се грижите за учебници, ученички стандард, подобри наставни програми и услови за стекнување компетенции вие дозволувате цели семејства да страдаат и буквално да гладуваат за нивните деца да остварат право на увид, неведува Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Анита Буховски
ФОТО: МИА