Економија, финансии, бизнис

Контакт

Матичните лекари се закануваат со штрајк

Матичните лекари се закануваат со штрајк

Матичните лекари организирани преку Здружението на приватни лекари се закануваат дека ќе излезат на еднодневен штрајк бидејќи со години нивните барања не се почитуваат, а слух досега немал никој министер за здравство. 

Матичните лекари со години бараат пациентите да бидат на Приватната здравствена установа а покрај тоа сакаат и повеќе пари од фондовската каса. Предупредуваат дека во поголемите градови многу нивни колеги одат на интензивни курсеви по германски јазик, по што планираат да ја напуштат земјата. Министерот Филипче знае за заканата на матичните и најави дека ќе има средба со нив дури наредната недела.

- Има огромен број на барања и од матичните лакри и од приватните гинеколози. Имаме соодветно разработено решение, но тоа нема да биде имплементирано се додека не седнеме да разговараме со здруженијата. Во текот на следната недела ќе разговараме за сите нивни барања и како да им излеземе во пресрет, вели Венко Филипче, министер за здравство

Претходно, и матичните гинеколози се заканија дека ќе прекинат со прегледи и добија зголемување на капитациониот бод како и најави за понатамошни преговори за исполнување на барањата. Договори со Фондот сакаат и стоматолозите специјалисти кои бараат да бидат дел од здравствената мрежа а државата и на нив да им ги покрива стоматолошките услуги како и на останатите колеги. 

Извор: sitel.com.mk

Слично

Поврзани вести