Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПРЕДЛАГААТ, ФИЛИПЧЕ РАЗГЛЕДУВА: Дали пациентите ќе се водат на матична амбуланта наместо матичен лекар?

МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПРЕДЛАГААТ, ФИЛИПЧЕ РАЗГЛЕДУВА: Дали пациентите ќе се водат на матична амбуланта наместо матичен лекар?

Пациентите да не се водат на име на матичен лекар туку на амбуланта. 

Токму овој предлог се разгледува во моментов министерството за здравство по барање на матичните лекари.

- Во моментов се разгледуваат сите досегашни предлози од матичните лекари. Се работи за повеќе предлози, меѓу кои се разгледува и можноста лиценцата за работа да биде на име на приватната здравствена установа, а пациентите при избор на матичен лекар да не се водат на име на избраниот лекар, туку на име на приватната здравствена установа, во која работи докторот“, РЕКОЛ министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Имено, оваа промена во здравството ќе значи олеснување на работата на лекарите и пристапот на пациентите до примарното здравство, кои веќе нема да мора да внимаваат дали нивниот матичен лекар или неговата замена е на смена и во секое време да можат да отидат на лекар што всушност е и цел на предлогот.

Како што се соопштува во моментот се бара најсоодветно решение за сите доставени предлози од стручните здруженија.

Слично

Поврзани вести