Економија, финансии, бизнис

Контакт

Матичар регистрирал брак меѓу лице од Албанија и лице од Унгарија, иако тие не се венчале

Матичар регистрирал брак меѓу лице од Албанија и лице од Унгарија, иако тие не се венчале

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.З.(65) од селото Слупчане, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Тој во 2023 година извршил упис на брак во книгата за венчани за 2023 година, помеѓу лице од Албанија и лице од Унгарија, кој бил непостоечки. При увид во книга на пописни акти за 2023 година утврдено е дека во неа нема заведено барање за издавање на извод од матична книга на венчани помеѓу двете лица. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести