Економија, финансии, бизнис

Контакт

Материјалите што се користат како привремени учебници чинат 500.000 евра

Материјалите што се користат како привремени учебници чинат 500.000 евра

Привремените материјали што се користат како привремени учебници, додека да се испечатат новите за прво, второ, четврто и петто одделение, чинат 500.000 евра, објави ИРЛ.

Овие брошури ќе се користат само привремено во основните училишта, затоа што новите учебници не се испечатени навреме иако требаше да се користат од почетокот на тековната учебна година.

Министерството два месеци криеше од јавноста која фирма ги испечати брошурите. Образложението беше дека не биле должни да го објават договорот затоа што се работи за пари кои не се од државниот буџет, туку заем од Светска Банка.

Последната информација од Министерството за образование е од 8-ми ноември кога соопштија дека оваа и следната недела ќе се испечатат најголем дел од учебниците.

Сопственикот на печатницата „Европа 92“, Ратко Димитровски, вели дека досега се испечатени 40.000 примероци. Застојот го прави Министерството за образование кое не му испраќа материјали за печатење.

„Ние имаме договор за печатење до 25ти ноември. Завршено е само тоа што го имаме добиено. Проблемот е подготовката кај нив пред учебниците да стигнат кај нас. Дополнително ќе се печатат уште учебници по 10, 15 илјади сукцесивно. Ние само ги печатиме, откако ќе биде завршена процедурата во МОН“, изјави Димитровски за ИРЛ.


Слично

Поврзани вести