Математиката во Македонија може да продолжи со нови учебници
Сите учебници по математика од прво до деветто одделение имале грешки и биле коригирани и периодов е започната нивната достава до училиштата, објави Мета.
„Нови учебници се доставуваат по математика, по природни науки од прво до шесто одделение, по биологија од седмо до деветто одделение, по хемија од осмо до деветто одделение, а нови учебници по физика ќе имаат осмоодделенците и деветтоодделенците“, информираат за „Мета“ од Министерството за образование и наука.
Во Педагошката служба при МОН, која е надлежна за учебниците, не откриваат детали за тоа, какви се` грешки се најдени во учебниците. Оттаму само кусо информираат дека грешките биле од различна природа.
„Има грешки од стручен, методолошки и технички аспект, но и од аспект на превод и адаптирање“, рекле оттаму.
