Економија, финансии, бизнис

Контакт

Математиката ја натера „Алтернатива“ да го повлече кандидатот за градоначалник на Кичево

Математиката ја натера „Алтернатива“ да го повлече кандидатот за градоначалник на Кичево


Изгледа дека математиките и комбинаториките и на овие локални избори ќе бидат интересни во Кичево, повеќе од аспект на тоа кој кого ќе поддржи, во првиот или вториот круг од изборите.

Алтернатива го повлече кандидатот Мазлам Османи за оваа општина, а ова го прави само три дена по објавувањето. Од партијата велат дека не можат да прават нешто што им оди на штета на Албанците, пренесува ТВ21. 

ТВ21 дознава дека оваа партија ќе го поддржи независниот кандидат Фатмир Лимани и очекуваат иста одлука да донесе и нивниот коалиционен партнер Алијанса за Албанците. 

Освен независниот кандидат Лимани, во трка за прв човек на Кичево се и Фатмир Дехари од ДУИ и Александар Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ нема свој кандидат, туку само советничка листа, заедно со коалицијата. 


„Иако делењето на гласот почна откога ДУИ инсистира да извади чист партиски кандидат и да го продаде во име на народот, ние не сакаме да бидеме актери во темата на делење на албанскиот глас“, рекле од опозициската партија.


Слично

Поврзани вести