Масовни откажувања и празни хотели поради војната со Иран: Ова туристичко место веќе страда заради војната
Војната на Блискиот Исток сериозно го погоди туризмот на Кипар, каде хотелските резервации се намалени за околу 40 проценти, а бројни туристи ги откажуваат своите патувања.
Како што пренесува „Дејли мејл“, популарните туристички дестинации како Лимасол и Протарас, кои вообичаено се преполни за време на велигденските празници, оваа година се значително попразни. Недостигот на туристи веќе се забележува на плажите и во централните делови на градовите.
Дополнителен удар врз туристичкиот сектор бил нападот со дрон врз британската база на островот на 2 март, што предизвикало бран на откажувања.
Според податоците на американската компанија „AirDNA“, стапката на откажувања за краткорочни изнајмувања скокнала од околу 15 проценти пред конфликтот, на дури 100 проценти веднаш по неговото започнување. Иако подоцна бројките се стабилизирале, тие и натаму остануваат високи – околу 45 проценти во средината на март.
Здружението на хотели на Кипар потврдува пад на резервациите од речиси 40 проценти во март, а сличен тренд се очекува и во април.
Падот на побарувачката веќе се одразува и на цените – сместувањето во април и мај е поевтино за околу 12 проценти во споредба со периодот пред кризата.
Туристичките компании наведуваат дека интересот за одмор на островот значително опаднал, а голем број гости се пренасочуваат кон „побезбедни“ дестинации.
Освен Кипар, пад на резервациите бележат и Грција и Турција, додека раст на интересот има за Малта, Хрватска, Италија, како и за подалечни дестинации како Карибите.
Курир.рс