Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовна тепачка за празникот во црква

Масовна тепачка за празникот во црква

Во црквата „Св. Димитрија“ во струмичкото село Баница вчера имало масовна тепачка, при што еден човек е сериозно повреден. 

Во 12 часот во полиција е пријавено дека во дворот на црквата „Св. Димитрија“ за време на прослава по повод верскиот празник Митровден, се случила тепачка помеѓу лицата Д.М.(31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна. По ова се вмешале и други лица во тепачката. 

Д.М., се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица е препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28). Увид на местото на настанот, извршила екипа од струмичката полиција и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести