Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовна тепачка со повредени во автобус на Бит Пазар

Масовна тепачка со повредени во автобус на Бит Пазар

Доцна вечерта се случи масовна тепачка во автобус на Бит Пазар во која најмалку тројца се поврдени и со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар.

Засега полицијата информира за едно приведено лице, како и ветување дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството, велат од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението на МВР се наведува дека неколку луѓе кои се превезувале со автобус на ЈСП, вечерва го нарушиле јавниот ред и мир и нападнале и патници кои биле во автобусот со број 50.

До полицијата било пријавено дека на постројката за автобус кај 26-ти Јули, односно на Бит Пазар, на вториот кат од автобусот неколку луѓе се степале, а потоа тепачката продолжила и на долниот кат од автобусот.

„Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр.20“, се наведува во соопштението на МВР.

По отворањето на вратите на автобусот, тепачката продолжила на самата постројка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци.

Инцидентот се случил по натпреварот меѓу Вардар и Реал Сосиедад, па сомнежите се дека во тепачката учествувале навивачи.


Слично

Поврзани вести