МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА Е ЕДИНСТВЕН СПАС ОД ДЕЛТА - д-р Даниловски за новата мутација на вирусот
Според професорот д-р Драган Даниловски, кој гостуваше во емисијата „25 минути“ на Телевизија 24, учебната година треба да почне навреме.
Во моментов кај нас има зелена стабилна ситуација, која може лесно да се помести и да се наруши, ако не бидеме будни, рече овој епидемиолог.
„Масовна имунизација е единствен спас од новата мутација – индискиот сој, познат како Делта, кој многу брзо може да дојде и да се рашири и кај нас. Младите се најголем ризик фактор од пренесување и тие треба да се вакцинираат бидејќи преку дружење може да ја шират болеста која е многу позаразена и тешко се распознава, зашто личи на потешка настинка. Учебната година мора да започне навреме, со сите протоколи за децата, настава со физичко присуство за да се искористи топлото време бидејќи не знаеме што не чека од октомври“, рече Даниловски во разговор за 25 Минути.
