Економија, финансии, бизнис

Контакт

MAСЛАРКОВСКИ: „Џган“ е најверојатно последица на шокот од нашето јавно излегување и посочување на проблемите во Левица

MAСЛАРКОВСКИ: „Џган“ е најверојатно последица на шокот од нашето јавно излегување и посочување на проблемите во Левица

Во интервјуто за порталот „Поглед.мк“, поранешниот советник на Левица од Oпштина Аеродром, Дарко Масларковски изнесува сериозни обвинувања кон лидерот на партијата, Димитар Апасиев и додава дека е забрането знамето со сонцето од Кутлеш.

„Што друго му преостанува на македонскиот народ? Народот е спремен за промена, а не за замена, верувавме бидејќи како Македонци имавме силна потреба од истото, еве и овде да споменам дека најсреќен ќе бидам ако не сум во право и ако Левица и Апасиев не се предавници и во служба на виши структури. Нека ми го докажат спротивното, но чекорите на Левица ми го подигнуваат сомнежот, да се забрани употреба на македонското знаме со сонцето од Кутлеш, сомнителните луѓе кои се на високи функции, да разрешуваш член на президиум на 3 месеци до избори и дополнително да имаш 2ца замрзнати, да рацинизираш/игнорираш членови кои искрено се бореле за Левица и идеалите, не ми дава верба за иднината. Без да навлегувам во идеолошки моменти и висока геополитика, Јенс беше во Скопје – Левица не мрдна со прст да покаже дека не е пожелен, мене тоа ми кажува повеќе од декларативно залагање и фаќање страна. Палестина доживува холокауст од невидени размери ние имаме членови кои се декларирани произраел и проамерика, епа не може така другари“, вели тој. 

Додава дека програмата на Левица е добра содржински, но плаши фактот дека нема идеја и можност за реализација не затоа што народот не сака, туку затоа што Апасиев и неговите шефови не сакаат.

На 1 март, Левица ја информираше јавноста дека го суспендира и исклучи од членство претседателот на Советот на Општина Карпош – Бранко Ристов; неговата партнерка Живанка Морис – поранешна координаторка на Левица-Дијаспора и советникот во Општина Аеродром – Дарко Масларковски (а.к.а. Пука Козметика). Лидерот Димитар Апасиев ги нарече „џган“.  Масларковски вели дека зборот „џган“ е употребен оти укажале на проблемите во Левица. 

Слично

Поврзани вести