Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маскирани разбојници врзале и малтретирале старци во Штип-потоа им го ограбиле сефот полн пари

Маскирани разбојници врзале и малтретирале старци во Штип-потоа им го ограбиле сефот полн пари

Ноќеска по полноќ во Штип, двајца маскирани разбојници со фантомки на главите упаднале во домот на возрасни луѓе .

Разбојниците врз  А.Б.(77) и неговата сопруга М.Б.(70) извршиле разбојништво така што 

со употреба на алат влегле во куќата, со самолеплива лента им ги врзале рацете, по што од А.Б. го побарале клучот од сефот, при што физички го малтретирале. 

Според билтенот на МВР откако разбојниците неуспеале да добијат одговор, извршиле пребарување, по што во една од просториите го пронашле сефот во кој според кажување на оштетениот имало 7.100 евра, 2.200 долари, 10.000 денари и златен накит, го одзеле и го напуштиле лице местото. 

Дваесет минути после 1 часот по полноќ сопругата успеала да се ослободи и инцидентот го пријавила во СВР-Штип.

Мажот кој што бил пренесен и каде уште се наоѓа на лекување во 

Клиничка болница Штип има телесни повреди.

Слично

Поврзани вести