Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маски уште долго ќе носиме, вели министерот Филипче

Маски уште долго ќе носиме, вели министерот Филипче

И по вакцинација, маски уште долго време ќе носиме, порача министерот за здравство, Венко Филипче. 

Вели дека сега се соочуваме со пикот на досега веројатно најсилниот бран. За вакцинацијата против Ковид 19, министерот рече дека како во Битола така и во останатите градови низ државата, процесот се одвива добро.  Сите кои се вакцинираа во Србија, со втората доза ќе се вакцинираат во нашата земја.

„Има сосем доволен број на болнички кревети секој пациент ќе ја добие потребната здравствена заштита. Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, овде во Битола 3, што го прави битолското ковид одделение најголемо во државата за да одговори на потребите согласно бројот на жители, граѓани, пациенти од целиот регион кои се лекуваат во оваа болница, позната и по историјата и по експертизата од многу области“, изјави министерот.

За тоа дали ќе има рестрикции за прeтстојните празници, Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести допрва ќе одлучува. Деновиве во Македонија има над 1.400, па дури и над 1.500 заразени со коронавирусот на дневно ниво. 

Слично

Поврзани вести