МАСК ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО: Ентузијаст за Балканот, размислува за сериозни инвестиции
Јужноафриканскиот претприемач Ерол Маск, татко на основачот на Тесла и СпејсИкс, Илон Маск, во последните неколку дена е во Босна и Херцеговина за да процени дали земјата може да стане домаќин на истражувачкиот институт што планира да го лансира.
Како што објави Ројтерс, институтот би бил посветен на истражување на гравитацијата, простор-времето и феноменот на долговечноста, теми што долго време се во фокусот на глобалната научна заедница.
Маск претходно ја разгледувал можноста за основање на институтот во Обединетите Арапски Емирати, но, како што вели, пријател од регионот му предложил да го разгледа и Балканот.
– Искрено, бев пријатно изненаден. Сè функционира, луѓето се љубезни, а условите за живот и работа се фантастични. Поминав неколку дена тука и си реков: „Ова е идилично“, изјави Маск за порталот Klix.ba.
Тој додаде дека Емиратите на почетокот изгледале како логичен избор, но дека по престојот во Босна и Херцеговина, добил сосема нова перспектива: „Сега би рекол дека ова е уште подобра опција“.
Стопанската комора на Федерацијата на Босна и Херцеговина потврди дека на Ерол Маск му била претставена слика за домашната економија, со посебен фокус на образована и достапна работна сила. Сепак, како што самиот Маск истакнува, идејата за основање на институтот е исклучиво негова лична иницијатива и досега не разговарал за тоа со никого од владата.
Покрај Босна и Херцеговина, тој ги посети и Австрија и Србија за време на неговата европска турнеја. Тој исто така откри дека сè уште не разговарал за потенцијалниот проект со својот син Елон, но планира да му ги претстави можностите што ги нуди Балканот, пишува Bizlife.
'South African businessman Errol Musk, the father of billionaire Elon #Musk, visited #Bosnia this week to assess its potential as a location for a research institute on gravity, space-time and longevity.' https://t.co/gvZAcpsvyh
— Ian Bancroft (@bancroftian) July 25, 2025
