МАСИТ ВЕ КАНИ НА 19. ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ФОКУСОТ
Комората за информатички и комуникациски технологии МАСИТ има особена чест да Ве покани на 19-та годишна конференција која ќе се одржи во два дена, на 29 и 30 Октомври 2024 во хотелот Александар Палас во Скопје.
Двата дена се очекува по околу 300 гости, претставници од ИТ индустријата, како и од целиот приватен сектор, високи државни претставници, меѓународни организации, амбасади, невладин сектор, а за вториот ден дополнително ќе биде опфатен и здравствениот сектор согласно фокусот на самата тема.
Настаните се посветени на Вештачката Интелигенција (ВИ) и нејзината примена со два динамични настани:
Ден 1 – ИКТ Комора МАСИТ – 19 годишна Конференција:
Вештачката интелигенција и работната сила – со адаптација до иновација
Првиот ден ќе постави основа со дискусии за тоа како ВИ го менува работното место, улогата на државните политики и новите можности во ИКТ секторот. Експерти ќе ги споделат своите согледувања за тоа како да ги адаптираме нашите вештини за иднината и иновациите во оваа трансформативна ера.
Ден 2 – во соработка со Македонија Легал/Адвокатска канцеларија Најденовски:
Практична примена на Вештачката интелигенција во медицината, фармацијата и стоматологијата
Фокусот на револуционерната примена на ВИ во здравството преку дискусии за најновите алатки и технологии во медицината, фармацијата и стоматологијата, водени од ИКТ и здравствени професионалци.
Сите информации се достапни на следниот линк - https://masitconference.mk/event/19th-annual-conference/#schedule
На воведниот дел од конференцијата ќе се обратат г-ѓа Анета Пешева, Претседавач на Собранието на МАСИТ, Христијан Мицкоски - Премиерот на Република Северна Македонија, Претставник на Амбасадата на САД и Стефан Андоновски - Министер за дигитална трансформација.На првиот ден од панелот свое излагање ќе имаат и Кристоф Томен - Group COO, Expert Delivery, Operation and organizational excellence. Потоа Кетрин Ф. Симон - Group CPO, Talent Acquisition, Diversity & Inclusion, Employee Development.
Почесни гости говорници се Весна Иваноска - Генерален директор на академијата Qinshift, заменик-претседател на Одборот на директори на МАСИТ, како и Стефан Андоновски - министер за дигитална трансформација, Весна Јаневска - министерка за образование и наука на Република С. Македонија, Илија Господинов - Претседател на Управниот одбор на МАСИТ, Небојша Мојсоски - Директор на УСАИД Активности за млади активно создаваат можности (YACO)...
ПР Објава
