Машки труп најден на пруга близу Велес
Mашки труп е најден на пругата Велес – Градско.
Телото било кај железничката станица „Згрополци“ и е најдено вчера во 18.45 часот. Машиновозач го забележал телото на мажот на пругата, информираа од велешката полиција.
Како што појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, по извршeниот увид утврдено е дека се работи за шеесет и двегодишен жител на Велес, М.О., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Слично
