Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maшки труп е најден во водите на реката Вардар

Maшки труп е најден во водите на реката Вардар

Tруп е најден во тетовскиот регион. Пронајдено e мртво машко тело во водите на реката Вардар кај селото Радиовце во Општина Брвеница. 

Телото е забележано околу 14 часот, пријавено е во полицијата, по што е извршен увид. 

„Околу 14 часот во полициската станица Жеровјане пријавено е дека на течението на реката Вардар во близина на браната кај Радиовце е најдено безживотно тело. По пријавувањето на местото се пристигнати екипи од СВР Тетово, Основно јавно обвинителство по што е започнат увид со цел идентификување на безживотното тело и расчистување на случајот“, информираат од СВР Тетово.

Од тетовската пожарна служба соопштија дека нивните вработени учествувале во вадењето на телото од реката. 

Слично

Поврзани вести