Економија, финансии, бизнис

Контакт

Машки труп е најден во каналот од хидросистемот „Брегалница“ во Кочани

Машки труп е најден во каналот од хидросистемот „Брегалница“ во Кочани

Пронајден e машки труп во каналот од хидросистемот „Брегалница“ во Кочани. 

Работниците при редовната дневна проверка и рутинско чистење на каналите за наводнување, претпладнево пронашле машки труп. Телото е забележано на металната решетка во каналот што се наоѓа во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани. Притоа е констатирано дека се работи за маж на околу 65-годишна возраст.

Веднаш е известена Полициската станица во Кочани, по што екипа од Одделението за внатрешни работи и јавен обвинител вршат увид на теренот.

Засега не е познат идентитетот на лицето и дали се работи за несреќен случај.

Слично

Поврзани вести