Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мартин Попов си оди заедно со Димитар Ковачевски, станува национален координатор

Мартин Попов си оди заедно со Димитар Ковачевски, станува национален координатор

Мартин Попов, шефот на кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски, кому денеска му е последен ден од актуелниот мандат, од денеска повеќе не е на таа функција, односно Владата го назначила за еден од владините национални координатори.

„Мартин Попов се именува за Национален ко- ординатор за следење на реализацијата на програмата на Владата, сметано од 25 јануари 2024 година“, пишува во решението на Владата што е објавено во „Службен весник“ а било донесено на 9 јануари.

Попов претходно беше организациски секретар на СДСМ и извесно време го предводеше Центарот за анализи и истражувања на владеачката партија.

На местото на Ковачевски како технички премиер треба да биде именуван Талат Џафери, актуелниот претседател на Собранието.



Слично

Поврзани вести