Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мартин Костовски: Во време на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието се претвора во џамија

Мартин Костовски: Во време на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието се претвора во џамија

Во Собранието, во салата Борис Трајковски, се одбележа Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница, каде што спикерот Африм Гаши и други пратеници оддржаа молитва, со што го прекршија принципот на секуларност.

Покрај бројните реакции, се огласи и поранешниот пратеник на СДСМ од Куманово, од претходниот собраниски состав - Мартин Костовски

„Како православен христијанин ги почитувам сите вери и религии, но интересно е што во времето кога Дпмне како „демохристијани” се апсолутна власт, Собранието се претвара во џамија.  Што беше тоа секуларна држава !?“, реагира Костовски.


Гаши иницираше религиски обред - молитва во Собранието и не го испочитува уставното нечело дека сите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.

Слично

Поврзани вести