Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мартин Костовски се кандидираше во СДСМ за градоначалник на Куманово

Мартин Костовски се кандидираше во СДСМ за градоначалник на Куманово

Пратеникот и претседател на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, објави дека ја прифатил номинацијата и дека ќе се кандидра за градоначалник на Куманово за локалните избори наесен.

„Денеска во просториите на Општинска Организација СДСМ Куманово, ја потпишав изјавата за прифаќање на кандидатурата добиена од месните одбори. Покрај пополнетата изјава и личната биографија, ја доставив и програмата со која сакам да ја побарам поддршката од мојата партија за кандидат за градоначалник на Општина Куманово на претстојните локални избори“, објави меѓудругото Костовски.

Тој наведе дека СДСМ ќе победи во Куманово без разлика зад кого ќе застане владеачката партија.

Актуелен градоначалник на Куманово е Максим Димитриевски, исто така од СДСМ.


Слично

Поврзани вести