МАРТА КОС: Северна Македонија е тажна приказна во однос на евроинтеграциите
Северна Македонија е тажна приказна во однос на евроинтеграциите, вели еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Зборувајќи во интервју за Радио Слободна Европа за Западниот Балкан, Кос вели дека во регионот има две или три тажни приказни – едната е Косово, другата Северна Македонија и третата Босна и Херцеговина.
„Јас доаѓам од Словенија, која порано беше дел од оваа територија во поширока смисла. Во некои аспекти регионот беше подобар пред 20 години отколку што е сега. И постојат две многу тажни приказни или три. Една од нив е тоа што Косово не може да оди понатаму. Уште една тажна приказна е Северна Македонија… Знаете, кога со Украина би чекале онолку долго, колку што Северна Македонија чека на почеток на преговорите, Украина би ги почнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е Босна и Херцеговина“, вели еврокомесарката.
Рече дека проширувањето на ЕУ денес е поразлично од она пред пет години. Македонија долго време е со статус кандидат, и никако да ги почне преговорите. Блокади имаше од Франција, а потоа и од Бугарија. Албанија ги почна преговорите.
