Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марта Кос го промаши „рецептот“: Што ќе има за Македонија на ЕУ „менито“?

Марта Кос го промаши „рецептот“: Што ќе има за Македонија на ЕУ „менито“?

Неумесно и невкусно. Поврзувањето на македонскиот идентитет со тавче гравче, погача, полнети пиперки и пинџур на еврокомесарката за проширување Марта Кос уште ја покажа на бриселските бирократи. 

Последните неколку посети на челниците на Европската Унија во Скопје оставија горчлив вкус, особено со тврдите ставови дека мора да се спроведат уставните измени и покрај сите македонски забелешки за бескрајните национални отстапки и соседски злоупотреби на ветото. 

Од „немање план Б“ на Кошта и „исполнување на преземените обврски“ на Калас, сега и настапот на Кос во Скопје покажува колку ЕУ не ја сфаќа суштината на проблемот со Бугарија и негирањето на македонската посебност, јазик, идентитет и историја. 

Во сите три наврати македонскиот премиер Христијан Мицкоски мораше да покаже стаменост и на фин начин да им се спротивстави на европските бирократи кои работат со мандат, а немаат ефективна моќ да решаваат. 

Македонскиот идентитет не се само вкусните јадења ниту сано културното наследство туку и политичкиот континуитет на стремежот за своја држава, национални обележја, институции и историја. Но, и дека повеќе нема да се прават отстапки од националните црвени линии без јасни гаранции за слободен пат до членство во ЕУ без злоупотреба на механизмот на ветото спротивно на европските вредности. 

За промена убаво е да се види како се држи до македонските национални постулати без да се „витка кичмата“ и на инфатилен начин да им се додворуваа на европските претставници. Но, прашање и колку оваа позиција е одржлива на долг рок пред да биде ставено јасно до знаење дека „Брисел крева рачна“. 

 Актуелната владина позиција има подршка од неколку европски лидери кои имаат глад во Европскиот совет каде всушност се носат одлуките, но повторно проблем е механизмот на усогласеност, односно потребата сите земји членки да дадат „амин“.

 Барањето дополнителни гаранции и своевиден анекс на Францускиот предлог засега не дава резултат, иако такви неформални предлози беа споделени во изминатиот период, секако без да бидат споделени повеќе детали.

Х.С.

Слично

Поврзани вести