Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите поставија пораки пред секоја од институциите

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите поставија пораки пред секоја од институциите

„Марш за ангелите“ по 47-ми пат низ улиците на Кочани – родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ повторно побараа правда, целосно утврдување на одговорноста и почитување на законите.

Пред кочанскиот Основен суд, семејствата порачаа дека од судскиот процес не очекуваат пресуди под притисок, туку одлуки засновани врз докази, факти и закон.

„Правдата за нашите деца не ја бараме од одмазда. Ја бараме од почит кон нивните животи и одговорност кон сите идни генерации. Никој не е поголем од човечкиот живот“, порача Александар Наунов во името на родителите.

Тие потсетија дека трагедијата во „Пулс“ не е само судски предмет, туку загуба на 63 животи, 218 повредени и длабока болка за целиот град.

Маршот започна од Паркот на револуцијата и продолжи пред повеќе институции – Општина Кочани, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи, полицијата и Судот.

Пред секоја од институциите родителите оставија транспаренти со пораки со кои бараат одговори за пропустите и непостапувањата што, според нив, придонеле за трагедијата.

„Пред вас стојат доказите. Над сите нас стои вистината. Бараме вистинска правда, за никогаш да не се повтори“, порачаа семејствата на загинатите


Слично

Поврзани вести