(ФОТО) Марш на живите - Скопје во сеќавање на депортираните македонски Евреи
По повод одбележување на
75-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна
денес во Скопје беше одржан марш под мотото „Маршот на живите“.
Учесниците на маршот од Музејот на Град Скопје се упатија кон споменикот
посветен на депортираните 7144 Евреи. Во поворката учествуваа и делегација од Владата предводена од премиерот Зоран
Заев и заедно со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина
Денис Звиздиќ, кој денеска е во официјална посета на Македонија.
По пристигнувањето кај споменикот, делегациите и претставниците на здруженијата
на Евреите положија цвеќе, по што свое
обраќање имааа премиерот Заев и бугарскиот премиер Борисов.
Холокаустот или масовното систематско убивање на околу шест милиони евреи за
време на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим предводен од
озлогласениот Адолф Хитлер остави големи траги врз човештвото.
