Марш и цвеќе за загинатите деца кои учеа во „Исмаил Ќемали“
Учениците од ОУ „Исмаил Ќемали” во Чаир денеска организираа комеморативен марш од училиштето до Плоштадот Скендербег, оддавајќи им почит на загинатите соученици во автобуската несреќа која вчера се случи во Бугарија.
Директорката на ОУ „Исмаил Ќемали”, Бурбуќе Имери во својот говор пред присутните истакна дека „овој настан што му се случи на училиштето е голема трагедија која не може да се опише со зборови“. Пред завршување на маршот учениците положија цвеќе пред скалите на Плоштадот Скендербег во спомен на загинатите. Тие посакаа овој трагичен настан да биде последен и во иднина да не се случуваат вакви немили настани. Најголем дел од починатите се од Чаир и Студеничани. Загинаа 45 луѓе, од кои 12 се деца.
Слично
