Мароканец кај Демир Капија нападнал полицаец од Фронтекс
Полицијата привела Мароканец во земјава. Приведено е 22-годишно момче од Мароко кај Демир Капија. Тој при обид да избега нападнал полицаец од Фронтекс.
Вчера околу 20.00 часот во близина на Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го уапсиле О.К.(22) од Мароко.
Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од Фронтекс на местото забележале шест лица мигранти, при што О.К., нападнал полициски службеник од Фронтекс.
О.К. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
