Марковска: Ова е една добра лекција за обичниот народ, за луѓето кои се слепи послушници
Поранешната пратеничка, Ѓулистана Марковска вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека пратеникот има право на сопствено мислење, и вели дека нема да ги стави сите во исти кош, затоа што не ги познава лично, но времето ќе покаже.
„Ова е една добра лекција за обичниот народ, за луѓето кои се слепи послушници на партиите“, рече таа.
Екс пратеничката смета дека луѓето од настаните од 27 април треба да извлечат поука.
Смета дека дел од луѓето кои влегоа во Собранието на 27 април тоа го направиле од патриотски причини, а други затоа што биле инструирани и точно знаеле што се случува.
Слично
