(ВИДЕО) Марковска: Мицотакис рече дека ќе сме биле примени во НАТО без промена на името
Господинот Мицотакис, еден од противниците на Преспанскиот договор рече „Македонија ќе беше примена во НАТО и без да го смени името“, вели поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска.
Таа посочи дека тоа е удар за опозицијата, бидејќи до претходно се разговарало за двојна формула, а не и за внатрешна употреба.
„Секогаш постоеше формула за промена на името за надворешна употреба. После, добивме признание од еден од потписниците дека ние ќе сме биле примени и без промена, затоа што НАТО требаше да го заокружи своето јужно крило“, додаде Марковска.
Слично
