Марковиќ: Заев не може да ја обвинува Црна Гора за Груевски
Душко Марковиќ, црногорскиот премиер, му порала на неговиот македонски колега Зоран Заев дека не може да го вперува прстот кон Црна Гора како една од неговите земји-виновнички за бегството на поранешниот владин шеф Никола Груевски во Унгарија избегнувајќи двегодишна затворска казна.
- Обврската да се грижи да не побегне нејзиниот поранешен премиер ја имаше Македонија, а не Црна Гора. Заев треба да се позанимава со прашањето зошто навреме не била распишана потерницата за Груевски - изјави Марковиќ.
Пред неколку дена Заев наведе дека четири земји-пријатели, од кои три членки на НАТО, допуштиле да влезе и да мине на нивна територија. Тоа е менување на суштинската теза, според Марковиќ.
- Груевски низ Црна Гора минал на целосно законски начин, врз основа на личните документи кои ги имал - порача црногорскиот премиер.
