Марко Зврлевски повикан на распит
Поранешниот главен јавен обвинител Марко Звревски бил повикан како последен од листата на сведоци на распит за аферата прислушкување на фиксната телефонска линија што изби лани во новата града на ОЈО. кога беа најдени два хард-диска со снимани разговори на обвинителите.
Два хард-диска за снимање на раговорите биле набавени во 2013-та година, односно во времето на Зврлевски биле активни две години, потврди претходно неговиот наследник Љубомир Јовески.
Инаку во оваа зграда се сместени Републичкото јавно обвинителство и скопското Основно и Вишо јавно обвинителство. Се верува дека била снимена службената комуникација на 70-тина обвинители.
Предметот е во предитсражна фаа, сослушани се досега 20 сведоци и се уште нема обвиненија, ниту осомничени. Се води и техничка експертиза дали снимките се злоупотребени.
