МАРКО КОЛЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ СЛАВИ ВО ВЕЛЕС - победа во првиот круг со 51,63 отсто од гласовите
Марко Колев, кандидатот на БМРО-ДПМНЕ од Велес, има причини за славење.
Тој извојува победа против својот ривал од СДСМ уште во првиот круг од локалните избори.
Според преброени 99,82 отсто од гласовите, што е речиси 100 отсто, Колев има освоено 51,63 отсто од гласовите, или за него вчера гласале 12.358 велешани.
Неговиот противкандидат, пак, Ненад Коциќ од СДСМ, освоил 32,43 отсто од избирачите или 7.763 гласачи, со што е далеку зад Колев.
Солиден резултат има освоено Златко Арсов од Левица, кој на своето конто доби 9,64 отсто од гласовите, или освои 2.308 гласови.
Четврти е Семир Алимов од БДС, со 2,11 проценти.
Тој на фејсбук веќе објави фотографии од прославата, а веќе неговите пријатели и му честитаат за победата.
Н.Н.Ф.
