„МАРЈАНЕ, ЈАКА ШТИКЛА СИ СТАНАЛ ВО ПАРТИЈА СЕГА, ГАЗИ!“: Груевски распали за Марјан Ѓорчев и Милошоски
Екс премиерот Никола Груевски очигледно револтиран заради изјавите против него, распали по поранешните сопартијци.
Кога го напуштија сите, а ние бевме најсилни во 2009 година му пружив рака, стана градоначалник а потоа и амбасадор, вкупно 8 години.
Искрено, очекував дека по доаѓањето на новата власт, а кога пред негови очи и уши се подготвуваше, се преговараше и се потпиша договорот со Бугарија од кој сега произлегуваат крупни проблеми за државата и нацијата, дека ќе биде доблесен, и ќе си поднесе оставка како амбасадор во знак на несогласување со тој договор. Тој сепак си го дослужи мандатот молчејќи и трчајќи покрај Заев, додека Заев го реализираше својот план, за потоа да ни раскажува по медиумите колку не чинел тој договор.
Јака “штикла” си станал во партијата сега! Советник на ИК! Честитки! Само напред! Гази!
Само ќе кажам дека многу добро го запознав неговиот карактер и минато.
Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот.
Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден.
Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане.“ напиша Груевски.
