Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марјан Забрчанец е именуван за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи

Марјан Забрчанец е именуван за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи

Владата го именуваше Марјан Забрчанец за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи. 

Владата на денешната 15-та седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Забрчанец, да го именува за Национален координатор. Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, поради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата.

Ана Андреева е одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија. 

Андреева ја презема оваа функција од  Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 година. 

Слично

Поврзани вести