Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марјан Стаменковски од Доказ оди во притвор

Марјан Стаменковски од Доказ оди во притвор

Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот Доказ, доби 8 дена притвор, откако скопското јавно обвинителство претходно го осомничи за неколку дела.

Против него се води постапка, затоа што постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ, информираат од Обвинителството. Полицијата синоќа упадна во неговиот дом и го приведе. Притвор му е одреден затоа што е проценето дека постои опасност од бегство, но и да го повтори делото. Тој клеветел свештеници и заплашувал новинарки. На 19 мај лани две новинарки го пријавиле дека пишувал навредливи текстови за нив и објавувал нивни фотографии. 

Слично

Поврзани вести