Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марјан Ѓорчев: Европското право не дозволува негација на нација, јазик и култура

Марјан Ѓорчев: Европското право не дозволува негација на нација, јазик и култура

Марјан Ѓорчев, поранешниот амбасадор на Македонија во Софија, смета дека единствено во соработка со ЕУ може да биде тргната бугарската блокада, а во меѓувреме и самата европска наука треба да потврди дека имаме посебен јазик и дека некогашните окупаторски војски, не биле ослободителни.

Тој смета дека само со, како што вели, принципиелен, научно историски, хуманистички и кулуролошки потврдени ставови во корелација со европската наука, можеме да ја надминеме бугарската блокада

Порачува дека Македонија треба да бара Унијата да постапи енергично и да преземе санкции кон Бугарија поради злоупотреба на европското АКИ-европското право, како по прашањето на блокадата, така и по прашањето на 16-те пресуди за регистрација на македонските граѓански организации во бугарската држава.

- Европското право не дозволува негација на нација, јазик и култура на сите државни и национални ентитети на европско тло, особено ако тоа е содржано во европските атласи, енциклопедии и документи коишто неспорно ја потврдуваат како револуционерната, така и еволутивната димензија на македонското постоење, како држава, нација и јазик. Наративот, поимот, топонимот Македонија, како и етнонимот Македонец, единствено припаѓаат на Македонската држава, затоа што 100 отсто од географскиот регион Македонија на којшто е формирана македонската држава сосема природно го определува името, а исто така ја определува националната и јазична димензија на македонското постоење – вели Ѓорчев за „Фокус“.


Слично

Поврзани вести