Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАРЈАН „ДОКАЗ“ ОСТАНУВА ВО ШУТКА ДО СРЕДИНА НА МАРТ, продолжен притворот за новинарот обвинет за повеќе кривични дела

МАРЈАН „ДОКАЗ“ ОСТАНУВА ВО ШУТКА ДО СРЕДИНА НА МАРТ, продолжен притворот за новинарот обвинет за повеќе кривични дела

Сопственикот на веб-порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски доби нови 30 дена притвор, објави „Плусинфо“. Во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Стаменковски ќе остане до втората половина на март.

Според информациите на порталот, Стапменковски се противел на оваа мерка, но неговата жалба до Кривичниот суд била одбиена како неоснована. Кривичниот совет при Кривичниот суд е дециден дека не може да му се определи поблага мерка на Стаменковски бидејќи тој може да се даде во бегство.

Инаку денеска Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Стаменковски кој се товари дека преку веб-портал во негова сопственост, сторил повеќе кривични дела: ширење расизам и ксенофобија, уцена, пиратерија и злоупотреба на лични податоци.

– Предметот бил оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост – информира ОЈО Скопје.

Слично

Поврзани вести