Марјан Доказ добил 30 слободни дена од затворот
Сопственикот на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски, добил 30 слободни дена иако е на почетокот на издржување на две и пол годишната затворска казна, дознава „Фокус“.
Слободните денови ги добил од Управата за извршување санкции, а тоа го потврдил директорот Јовица Стојановиќ, кој само кусо одговорил „согласно закон, за здравје“ како образложение.
Според информациите на „Фокус“, за ваквата одлука не биле консултирани правосудните органи.
Против Стаменковски има и активна предистрага, која се очекува да открие кој го плаќал и кој ги нарачувал текстовите со навредлива содржина кои ги објавуваше.
Тој беше осуден за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
