МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација
Од Грција велат дека нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација.
Ставот го пренeсе портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ и додаде дека Грција ќе го следи „развојот на настаните од новата Влада на Северна Македонија“.
Маринакис рече дека „последната работа што треба да направиме е да му се извиниме на Алексис Ципрас за Договорот од Преспа“.
„Не користи ерга омнес за името, односно како се вика земјата, наместо да вели Северна Македонија, вели Македонија, а опозицијата во земјата, која од една страна во ред е, опозиција е, но е опозиција во Грција, што вели? Како одговор на другата страна, што не се придржува до основното, да им дадеме сè. Не ја именувате земјата како што предвидува договорот? Ние ќе изгласаме сè. Го имаме изгубено едното оружје, кое е НАТО, сега да го изгубиме и второто, а тоа се преговорите за пристапниот процес во Европа на Северна Македонија“, рече Маринакис.
Тој додаде дека „позицијата на СИРИЗА е несфатлива и нема никаква логика“.
Kaко што пишува грчкиот весник Катимерини, Атина го чека следниот потег на Скопје.
Фото: Скриншот/YouTube
Слично
