Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марин: Што добил Коневски за наводно бесплатните реклами?

Марин: Што добил Коневски за наводно бесплатните реклами?

Златко Марин од СДСМ денеска го праша градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски зошто не дава одговори за тврдењето дека скапите реклами за неговата кампања му ги изработуваат и емитуваат бесплатно, без притоа да наведе кој и за каква цел го прави тоа. 

- Последните информации до кои дојдовме ги подгреваат сомнежите дека зад наводното бесплатното продуцирање и емитување на рекламите, стои размена на услуги од која профитира Коневски, а губат граѓаните и општината.

Затоа, денеска го прашуваме градоначалникот во заминување: 

Дали наводно бесплатните реклами се всушност контра услуга за поволности при изнајмување на воениот базен?

Дали ваквите против услуги со фирма која ги продуцирала спотовите е причината што Коневски крие кој ги изработил?

И дали ваквата размена на услуги е причината што Коневски не објави ниту еден договор за снимање и емитување реклами, иако тоа е законска обврска. 

Коневски треба да одговори:

Дали е вистина дека добил контра услуги од компанија на сметка за добивање поволности при издавање на овој базен? 

По трети пат прашуваме, зошто јавно не ги објавува имињата на фирмите и медиумите кои наводно бесплатно го рекламираат? 

Граѓаните мора да ја знаат вистината за оваа кампања. Затоа поднесовме барања да се објавата договорите со кои се регулираниодносите за изработување на рекламни спотови и нивно емитување. Ќе ја запреме практиката на ВМРО-ДПМНЕ да го злоупотребува јавниот имот за лични и партиски интереси и на штета на граѓаните. 

Аеродром не заслужува  ваква неодговорна и расипничка локална власт. Затоа, веќе на наредните избори граѓаните на Аеродром ќе изберат нова одговорна локална власт која ќе работи отворено, отчетно и исклучиво во интерес на граѓаните, истакна Марин на денешната прес конференција.

Името на Марин се споменува и како можен иден кандидат на СДСМ за општина Аеродром на локалните избори.


Слично

Поврзани вести