Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марин: Нова пречистителна станица за отпадните води во Лисиче

Марин: Нова пречистителна станица за отпадните води во Лисиче

Златко Марин во продолжението од изборната кампања вети проширување на капацитетот на детската градинка и нова пречистителна станица за решавање на проблемот со отпадните води во Ново Лисиче.

Миризбата која се чуствува од реката и претесната градинка долги години ги мачат граѓаните и тие ќе бидат приоритет. Марин ветува и нов пазар, замена на старите дотраени азбестни кровови и проширување на булеварот АСНОМ.

Во програмата на Марин е предвиден и пакет за миленици кој е барање на граѓаните, но и нов општински стационар со кој конечно ќе почне да се решава проблемот со уличните кучиња.

Во соработка со Град Скопје и централната власт, Марин ветува решавање на проблемот со загадувањето, кој во овој дел од населбата е особено изразен, а воздухот речиси отровен во зимските периоди. Марин ја критикува локалната власт дека со години не се посветуваше на горливите проблеми туку се фокусираше само на нови градби и згради кои дополнително го влошија квалитетот на животот во општина Аеродром. 


Слично

Поврзани вести