Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марин: Ќе отвориме нови коридори за излез од општина Аеродром

Марин: Ќе отвориме нови коридори за излез од општина Аеродром

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Златко Марин од редовите на СДСМ ги продолжува активностите од изборната кампања при што даде неколку нови ветувања за граѓаните.

Мичурин ќе добие нова детска градинка, со што ќе се зголемат капацитетите и децата ќе добијат подобра грижа, вети денеска Марин.

Тој пред жителите на урбаните заедници Мичурин и Острово рече дека во неговата програма има предвидено низа сообраќајни решенија, за поголема безбедност и намалување на сообраќајниот метеж.

- Во соработка со Град Скопје ќе отвориме нови коридори за излез од општината, за да се намали теретот на булеварите „Јане Сандански“ и „Трета Македонска Бригада“, истакна Марин.

Најави дека ќе се постави и соодветна сообраќајна сигнализација околу училиштата „Блаже Конески“ и „Браќа Миладиновци“, а и дека предвидена е и обележана пешачка зона од ТЦ „Скопјанка“ до училиштето „Браќа Миладиновци“.

Марин вети дека ќе отвори нов пазар и дека ќе го врати во функција подземниот премин меѓу двете урбани заедници, под булеварот „Јане Сандански“.


Слично

Поврзани вести