Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марин и Шилегов ветуваат почест автобуски превоз од Тодор Чангов

Марин и Шилегов ветуваат почест автобуски превоз од Тодор Чангов

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Аеродром, Златко Марин и кандидатот за градоналник за Скопје Петре Шилегов во продолжението од изборната кампања вчера на граѓаните во Тодор Чангов им ветија почест градски автобуски превоз со нов возен ред.

- Предвидуваме изградба на нова градинка во Чангов, проширување на улицата „41“ и сообраќајна сигнализација на сите улици за поголема безбедност. Со град Скопје ветуваме субвенционирање за набавка на печки за греење на еколошки горива, како и субвенции за ископ на бунари или мотори за наводнување - рече Марин.

Марин посочи дека во населбата се проблем азбестните кровови на куќите за чија промена ќе се обезбедат фондови од Европската Унија.


Слично

Поврзани вести