Марин и „НаТочак“ ќе го развиваат велосипедизмот во Аеродром
Велосипедизмот во општина Аеродром ќе се развива преку соработка со неформалното здружение „НаТочак“ за што била остварена средба со градоначалникот Златко Марин.
На сребата е разговарано за соработка за изнаоѓање велосипедски инфраструктурни решенија со поставување вело-ленти и вело-патеки на општинските улици, нови сообраќајни решенија за намалување на брзината на движење на автомобилите, како и одредување локации каде има потреба од поставување паркинг за велосипеди низ целата територија на општината.
На средбата се договориле да се организираат и кампањи за поттикнување на граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство, во чии рамки ќе се потенцираат придобивките од возење велосипед.
Било договорено и вклучување на градоначалникот и на вработените во акцијата за одбележување на интернационалниот ден Winter Bike to Work Day, на 9 февруари.
