Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марија на списокот на исчезнати на МВР, се бара и преку социјалните мрежи

Марија на списокот на исчезнати на МВР, се бара и преку социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи ја стави Марија Брзакова на списокот на исчезнати лица. 

Објавена е и нејзина фотографија која треба да им помогне на граѓаните, доколку го лоцираат лицето, сите информации што ги имаат за него, или да ги достават до најблиската полициска станица, или да се јават на дежурниот број на МВР.

Марија Брзакова од Босилово, која е родена во 1991 година, исчезна на 18 јануари, и оттогаш и се губи секаква трага.

МВР организираше потрага, во која се вклучија и специјални тимови, па дури и граѓани доброволци, кои ја бараа дури до бугарската граница, но безуспешно. 

Како што е познато, во случајот веќе се вклучи и струмичкото обвинителство, кои веќе водат истрага, но оттаму не сакаат да обелоденат повеќе детали се додека немаат конкретни сознанија.

Дел од шпекулацииите што се појавија во јавноста во отсуство на официјални информации, се дека младата Марија била бремена во вториот месец, како и дека додека живеела во Швајцарија, се до септември минатата година, имала семејни проблеми. 

Во меѓувреме, Марија се бара и преку групи на социјалните мрежи, кои бројат поголем број членови. 

Се споделуваат фотографии од младата жена и мајка на малолетно дете, а граѓаните се молат за било какви информации да се јават или во МВР, или на телефонскиот број кој е оставен за контакт.

Слично

Поврзани вести